Ибрахимовиќ заминува од Манчестер Јунајтед оваа недела


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ  веќе нема да го носи дресот на Манчестер Јунајтед откако постигнал договор со тимот на Лос Анџелес Галакси и ќе се пресели во САД во следните неколку дена.

„Лос Анџелес Тајмс“ објави дека Златан Ибрахимовиќ денес потпишал договор со ЛА Галакси и ќе се приклучи на овој тим.

36 годишниот играч во Манчестер Јунајтед пристигна како слободен фудбалер во 2016 година, а за „ѓаволите“ последен пат настапи против Барнли на 26 декември.

До крајот на сезоната во Англија остануваат уште два месеци, а Ибра има договор со Јунајтед уште четири месеци. Сепак, Мурињо дозволил Ибрахимовиќ да замине порано од предвиденото за да го оствари трансферот во МЛС лигата.