Гигс со убедлива победа стартуваше со репрезентацијата на Велс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Велс предводена од новиот селектор Рајан Гигс забележа убедлива победа од 6:0 на пријателскиот натпревар против Кина.

Ова беше деби за Гигс на клупата на Велс, а за истото да биде фантастично се погрижија Герет Бејл кој постигна три гола и  Сем Воукс кој натпреварот го заврши со два погодоци. Еден гол даде и Хари Вилсон.

Со овие три гола Герет Бејл стана најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација затоа што го помина Јан Раш и сега има 29 погодоци во националниот дрес.