Вардар потврди дека Фелипе си заминува


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Вардар и официјално потврдија дека нивниот најдобар фудбалер, Хуан Фелипе го напуштил клубот.

Вардарци неочекувано за многумина, многу лесно се откажаа од фудбалерите кои го носеа клубот до најголемиот успех во историјата на македонскиот клупски фудбал со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.

Фелипе беше дел од Вардар од 2015 година кога пристигна од ЦСКА Софија и иако пред неколку месеци го продолжи договорот до 2020 година сепак од Вардар ќе замине без оштета како слободен фудбалер.

Како негова следна дестинација се споменува тимот на Каират од Казакстан.