ПСЖ бираше долго време и на крајот го најде вистинскиот човек


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тренер Унај Емери нема да ја продолжи соработката со француски ПСЖ.

ЛШ беше нивна цел, но останаа без борба за трофејот оваа сезона, па поради тоа тренерот ќе мора да замине, а веќе се бара неговата замена.

Долга е листата со кандидати за негов наследник, се споменуваа Луис Енрике, Маурисио Покетино, Антонио Конте, па дури и Јирген Клоп.

Управата на ПСЖ смета дека тренерот на Јувентус, Алегри ќе биде најдобриот избор за нив зашто веќе има искуство и на Јуве му обезбеди две финалиња во три години.