Агентот на Белерин кажа што мисли за трансфер во Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на Хектор Белерин вели дека немал контакт со никого од Јувентус, ниту од Наполи за својот клиент.

Двата клубови се поврзуваат со играчот зашто Арсенал наредната година нема да игра Лига на шампиони, освен ако не ја освои Лигата на Европа.

„Нема контакти околу Белерин, никој не ми се јави. Тој е среќен и го продолжи договорот“

„Имам добри односи со управата на Наполи, кога би сакал некој да разговара од Наполи и Јувентус, секако дека би разговарал затоа што се големи европски клубови“

„Играат најдобро во Италија, па би ги споредил со шпански Атлетико Мадрид“