Од Монако на „Сан Сиро“, за Милан ова би бил еден од најголемите „трансфери“ во историјата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Клубот е се поблиску до пад во рацете на инвестицискиот фонд, а спасот пристигнува од Монако.

Американскиот инвестициски фонд прави притисок врз Ли на кого му позајмија пари, па ако не ја врати Милан позајмицата од 303 милиони евра, тогаш тие ќе го превземат трансферот.

Се споменува дека нов сопственик на Милан би можел да пристигне од кралското семејство од Дубаи, Саед Ал Фаласи, а се споменува и името на Алишер Усманов, кој има акции во Арсенал.

Сепак, главна тема во Италија е сериозната намера на Дмитри Риболовљев да се пресели од Монако во Милан.

Рускиот бизнисмен, чија вреднсот се проценува на девет милијарди евра би можел да го купи Милан.

Ли инаку до вечер мора да уплати 10 милиони евра, ако тоа не го направи, се претпоставува дека истото ќе го направи фондот на Елиот, но тоа ќе го стави во потешка ситуација.