Младата репрезентација несреќно загуби од Русија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 21 година претрпе несреќен пораз од 4:3 од соодветната селекција на Русија.

Русите беа фаворити и пред натпреварот, а им годеа и екстремно лошите услови за игра, посебно во вториот дел кога постојано врнеше снег.

Избраниците на Милевски беа на прагот на реми, но Бакаев со удар од околу 16 метри го матираше голманот на Работнички, Јанков за голема радост на Русите.

Резултатот го отвори Облјаков со одлично изведен слободен удар во 25. минута од натпреварот. 13 минути подоцна играчот на Тосно, Мелкадзе по втор пат го совлада Јанков за водство на Русија од 2:0.

Пред крајот на второто полувреме Јован Попзлатанов изнуди пенал, а сигурен реализатор беше капитенот Алекса Амановиќ.

Во 64. минута Петар Петковски го изедначи резултатот на 2:2, но само пет минути подоцна Облјаков со својот втор погодок донесе предност за Русија.

Во 85. минута Попзлатанов повторно беше фаулиран во шеснаесетникот на Русија, а главниот судија повторно покажа на белата точка. Овој пат Обукхов го одбрани пеналот но за среќа топката се врати до Амановиќ кој ја затресе мрежата и донесе изедначување.

Сепак, во 94 минута Бакаев погоди и и го нанесе четвртиот пораз во низа на нашата репрезентација со што останавме заковани на дното на табелата.

Русија со оваа победа се зацврсти на втората позиција која ги носи во бараж за пласман на Европското првенство во Италија.