Роџер Федерер нема да игра на турнирите на земјена подлога


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Швајцарецот донесе одлука оваа сезона да ги пропушти сите турнири на земјена подлога.

Тоа што се навестуваше, доби официјална потврда по шокантниот пораз на Федерер од Кокинакис во Мајами.

„Одлучив да не играм на земја. Минатата недела не играв добро и сега обидувам да сфатам во што е проблемот. Имам доволно време, човек сум кој размислува позитивно“

„Заслужив да го изгубам првото место. Овој меч беше лош. Не се чувствував добро на теренот, движењето не ми беше најдобро и донесов лоши одлуки“, Федерер.

Да потсетиме, Роџер Федерер веќе втора година по ред не настапува на турнирите на земја.