Луксузната плата замина: Ибрахимовиќ ќе добива мизерна плата во Лос Анџелес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена го раскина договорот со Манчестер јунајтед и му се приклучи на Лос Анџелес Галакси, со што направи потег кој се очекуваше.

Легендарниот напаѓач потпиша договор на 18 месеци, а ќе добива плата од „само“ 1,2 милиони евра.

Тоа е дури 95% помала плата во однос на таа што ја имаше во Манчестер јунајтед, но Ибра не ни можеше да добие поголема плата, поради правилата на МЛС лигата, која вели дека 1,2 милиони евра е максимална плата за фудбалери кои не ја почнале сезоната.