Ибра: Ако сакам, ќе играм на СП, ако не сакам – нема!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот играч на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ кажа дека од него зависи дали ќе игра на СП во Русија.

По ЕП во 2016. година, 36-годишниот фудбалер одлучи да не игра повеќе со репрезентацијата, но неодамна откри дека може да заигра на Мундијалот.

„Секој ден од Шведска ме прашуваат дали ќе играм, но одам чекор по чекор. Ако се чувствувам добро, тогаш ќе играм, но доколку не, тогаш нема да настапам на СП“, вели ибра.