Мурињо подготви 50 милиони за играчот на Наполи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед веќе е во потрага по засилувања за следната сезона. Како што пишуваат медиумите во Англија прв кој ќе пристигне меѓу „ѓаволите“ е играчот на Наполи, Жоргињо.

Италијанскиот репрезентативец е виден како потенцијална замена за Мајкл Керик кој по крајот на оваа сезона ќе се пензионира од активното играње фудбал и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Мурињо.

Наполи за неговите услуги бара 50 милиони фунти, сума која што не претставува голем проблем за Манчестер Јунајтед.