Одлична вест за навивачите: Роналдо останува до крајот на кариерата!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо наводно признал дека не сака да го напушти Мадрид и дека сака да го продолжи договорот со клубот. Португалецот кој се смета за еден од најдобрите играчи во фудбалот, дојде во Мадрид во 2009. година, а тогаш „кралевите“ дадоа вистинско богатство за да го донесат од Манчестер јунајтед.

Од тогаш дури пет пати ја освои „Златната топка“ и стана главен стрелец во клубот. Неговиот осумгодишен престој во Мадрид го направи легенда на „Сантијаго Бернабеу“, а головите на Роналдо му помогнаа на тимот да го освојат секој можен трофеј во светот.

Роналдо наполни 33 години полека влегува во последните години од својата кариера, па и покрај тоа сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид.