Младата ѕвезда потврди дека во Реал Мадрид ќе ја заврши претсезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот за врска на Реал Мадрид, Мартин Одегард, кој во оваа сезона игра во Херенвен на позајмица, потврди дека ќе го помине летото со првиот тим на Реал Мадрид.

„Ќе се обидам да ја завршам сезоната во добра форма. Ќе се вратам во Реал летово за да одработам цела претсезона со нив, па ќе видиме што ќе се случува понатаму“

Изгледа дека Реал Мадрид е заинтересиран за испраќање на Одегард на уште една позајмица, а овој пат во шпанската Примера, каде што би можел да добие минутажа како стартер и да се навикне на шпанскиот фудбал.