Куртоа потврди дека ќе остане во Челси и по крајот на сезоната


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голманот на Челси, Тибо Куртоа кој долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, истакна дека ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ и следната сезона дури и да не го продолжи договорот со клубот.

„Имам уште една година од договорот со Челси и се чувствувам добро овде. По крајот на сезоната се уште ќе бидеме заедно и ќе градиме нова, подобра визија. Смирен сум по тоа прашање и знам дека ќе бидам играч на Челси и следната година“ –коментираше Куртоа за ТВ „Спозра“.

Потоа репрезентативецот на Белгија додаде дека за да се фокусира целосно на Светското првенство одлучил да остане во Челси и релаксирано да го дочека Мундијалот.