Нов Македонец во Серија А


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот медиум „Калчомеркато“ пишува дека фудбалерот на Славен Белупо и повремен македонски репрезентативец, Мирко Ивановски е трансфер цел на Џенова.

Напаѓачот игра одлични две сезони во дресот на клубот од Копривница и со право го привлече вниманието на неколку клубови од посилните лиги, а меѓу нив наводно бил и тимот во кој настапува Горан Пандев, Џенова.

Ивановски во досегашниот дел од првенството во Хрватска има постигнато десет погодоци, додека минатата сезона ја заврши со 12 гола зад неговото име.

Битолчанецот во Џенова би пристигнал како слободен фудбалер откако се реши да не го продолжи договорот со Славен Белупо.