Сампаоли попушта? „Размислувам за Дибала“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли веќе некое време е во центарот на вниманието затоа што не ги повика Дибала и Икарди во репрезентацијата.

Фудбалерите на Јувентус и Интер не добија повик за последните пријателски средби, па веќе почна да се шпекулира дека и двајцата ќе го пропуштат Мундијалот во Русија.

Сепак, Сампаоли  сега навести дека Дибала би можел да добие повик и да стане дел од репрезентацијата на Аргентина која ќе патува во Русија.

„Не е точно дека Пауло испадна од плановите за Светското првенство. Тој не е овде зошто сакав да видам некои други играчи. Тој и тоа како е во моите мисли, се уште има шанса да добие повик. Мислам дека 70 или 80 проценти од списокот е завршен, но тој може да се менува доколку има повреди или слични проблеми“ –коментираше Сампаоли.

Селекторот на Аргентина сепак истакна дека Икарди многу потешко од Дибала ќе добие шанса во репрезентацијата со оглед на огромната конкуренција во нападот на „гаучосите“.