Го бара половина Европа, а тој го одбра Баерн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на Бордо, талентираниот Малком со сигурност ќе го напушти клубот по крајот на оваа сезона.

Тоа го изјави и самиот играч, а за него сериозен интерес постои од речиси сите големи екипи ширум Европа.

Бразилецот сепак на крај и покрај интересот од двата клуба од Манчестер, Ливерпул и Арсенал се решил да се пресели во редовите на Баерн Минхен од каде го сметаат Малком како замена за Арјен Робен кој е на залезот на играчката кариера.

Малком оваа сезона за Бордо на 30 натпревари постигна осум голови на кои додаде седум асистенции.