Умтити се поблиску до Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Шпанија пишуваат дека од Барселона се плашат дека Самуел Умтити е блиску до напуштање на клубот откако двете страни не можат да се договорат околу продолжување на соработката.

Од Манчестер Јунајтед будно ја следат целата ситуација и веќе стапиле во контакт со агентите на францускиот репрезентативец.

Новинарот на каталонскиот весник „Спорт“, Хавиер Гаридо пренесува дека Каталонците не се подготвени да ги исполнат барањата на Умтити кој бара плата која би била во рамниште на тие на Андрес Иниеста и Луис Суарез.

Актуелниот договор на Умтити со Барселона истекува во 2021 година, но во него сега има откупна клаузула од 60 милиони евра, сума која за Манчестер Јунајтед не претставува никаков проблем.

Наводно менаџерот на „Ѓаволите“ лично бил во контакт со Умтити и веќе е подготвена понуда за дефанзивецот од девет милиони евра по сезона.