Баерн Минхен сепак прв избор за Тухел


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што дознава „Скај Спортс“ Баерн Минхен е клубот кој Томас Тухел сака да го води откако ќе се врати во менаџерските води. Наводно веќе имало средби помеѓу челните лица на Баварците и претставници на перспективниот германски стратег.

Баерн Минхен бара наследник за Јуп Хејнкес кој дефинитивно по крајот на оваа сезона ќе замине во пензија. Изборот паднал на Тухел кој си замина од Дортмунд во мај минатата година.

Вчера медиумите во Германија објавија дека Тухел го одбил Баерн со цел да се пресели во Арсенал како наследник на Арсен Венгер. Сепак, Скај Спортс пишува дека воопшто не се ни остварени контакти на релација Арсенал-Тухел.