Трајковски: Подобри сме од Азербејџан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашата најдобра фудбалска репрезентација денес со почеток од 17 часот ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Азербејџан.

Натпреварот се игра на „Мадран“ арената во Белек, а по ремито без голови со Финска нашите репрезентативци очекуваат победа против Азербејџан.

 “Веќе шест дена сме тука во Турција и сме презадоволни од условите за работа. Максимално се подготвуваме и за натпреварот со Азербејџан. Против Финска одигравме цврст и неизвесен натпревар во кој нашиот противник беше одлично поставен на теренот и многу дисциплиниран. Имавме шанси, но не ги искористивме за победа. Се надевам дека со Азербејџан ќе одиграме подобро и ќе постигнеме поволен резултат. Можеме да се надигруваме со нив и се гледа дека сме поквалитетен тим, а тоа сакаме да го покажеме и на терен“, изјави Александар Трајковски.