Алвеш: Кутињо е на исто ниво со Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одбранбениот играч на ПСЖ и бразилски репрезентативец Дани Алвеш многу очекува од Филипе Кутињо на Мундијалот во Русија.

Искусниот дефанзивец смета дека напаѓачот на Барселона многу напредувал и дека е на исто ниво со Нејар.

„Мислам дека Кутињо игра на исто ниво како и Нејмар. Има големо влијание на играта на репрезентацијата и на својот клуб. До скоро беше во Ливерпул, но и сега во Барселона тој брзо напредува и научи многу подобро да ја чита играта и да донесува точни одлуки. Убаво е да се биде во тим со таков фудбалер“, вели Алвеш.