Манчестер задоволно „трие раце“: Три ѕвезди на Реал Мадрид се пред заминување!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Реал Мадрид летово планира големи промени во екипата, а според „АС“ јасно е дека нова средина ќе побараат неколку фудбалери кои не ги задоволија барањата.

Медиумите пишуваат дека „кралевите“ се подготвени да ги продадат Герет Бејл, Матео Ковачиќ и Иско.

Шпанскиот репрезентативец Иско е наводно мета на Манчестер сити, кој е подготвен да плати неверојатни 86 милиони евра, а Бејл е желба на Манчестер јунајтед, кој би требало да понуди повеќе од 100 милиони евра за него.

За Ковачиќ се уште нема заинтересирани страни, но се очекува да направи и тој голем трансфер во некој гигант.