Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за Милинковиќ Савиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Италија, Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се приклучил во трката за Сергеј Милинковиќ Савиќ.

„Ѓаволите“ се подготвени да ги платат бараните 100 милиони евра за српскиот интернационалец, а како предност го сметаат фактот што кај нив настапува Немања Матиќ кој треба да го убеди Милинковиќ Савиќ да се пресели на „Олд Трафорд“.

Пред два дена излегоа информации дека и Јувентус е заинтересиран за Србинот, но Клаудио Лотито преферира да го продаде во тим кој не се натпреварува во Серија А.

За еден од најталентираните фудбалери од средниот ред постои интерес и од ПСЖ и од Реал Мадрид.