Македонија до 19 години ја изненади Англија, мајсторија на Атанасов (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше изненадувачка победа против соодветната селекција на Англија со 2:0.

Репрезентативците на „Гордиот албион“ беа шокирани уште во третата минута кога маестрален погодок постигна играчот на Академија Пандев, Јани Атанасов. Еден од нашите најталентирани играчи доби убава топка и со ножички успеа да го матира голманот на Челси, Џејми Каминг.

Точка на средбата стави фудбалерот на Спортинг Лисабон, Димитар Митровски кој најдобро се снајде во казнениот простор на Англија по нафрлањето од Михаел Маневски. Одличен при овој гол беше и Чурлинов кој одлично се ослободи од својот играч.

И покрај победата нашата репрезентација остана на последната позиција во групата, додека Англија се пласираше на Европското првенство.