Репрезентативците до 21 година загубија од Австрија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 21 година забележа нов пораз овој пат на гостувањето кај репрезентацијата на Австрија.

Нашите фудбалери беа рамноправен противник едно полувреме, а Австријците до победа стигнаа со два брзи гола во последните 25 минути од средбата.

Матијас Хоншак го отвори резултатот во 65. минута, а точка на натпреварот стави осум минути подоцна.

Ова е петти пораз за Македонија со кој нашите репрезентативци остануваат на последната позиција на табелата со освоени три бода исто колку што има Гибралтар.

До крајот на квалификациите за избраниците на Милевски остануваат уште средбите со Србија и Русија на гости, како и со репрезентациите на Гибралтар и Ерменија на домашен терен.