Шпанија ја почести Аргентина со шест „парчиња“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Шпанија славеше изненадувачки убедлива победа против Аргентина со високи 6:1.

Натпреварот кој се играше на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид беше вистински кошмар за избраниците на Сампаоли кои на последниот тест пред Светското првенство примија дури шест гола.

Диего Коста го отвори резултатот во 12. минута, а 15 минути подоцна Иско зголеми на 2:0. Николас Отаменди намали на 2:1 на пет минути до крајот на полувремето, и тоа беше се што го направи репрезентацијата на Аргентина.

Во 52. минута Иско погоди за 3:1, а само три минути подоцна Тиаго зголеми на 4:1. Петтиот гол за Шпанија го постигна Јаго Аспас, додека конечниот резултат го постави Иско со неговиот трет погодок.