Саутгејт презадоволен: Знам барем 19 играчи кои патуваат за Русија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англија вчера ремизираше со Италија (1:1) и  тоа со гол примен од сомнителен пенал, а пред тоа со 1:0 славеше против Холандија. Овие два натпревари го направија среќен и задоволен селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

По натпреварот со Азурите, Саутгејт истакна дека е презадоволен со играта на своите пулени и изјави дека веќе знае барем 19 играчи кои сигурно ќе патуваат на Мундијалот во Русија.

„Некои играчи имаа многу добри настапи и си го зацементираа местото за Русија. Знам барем 19 или 20 играчи кои ќе патуваат на Мундијалот. Од тоа што се обидувавме на овие два натпревари, научивме многу. Игравме со четирите најдобри фудбалски селекции на светот и во секој натпревар бевме компетентни. Нашите шаблони во играта беа јасни, но ние и понатаму ќе работиме на подобрување на истите“- коментираше поранешниот дефанзивец на Миделсбро, Астон Вил аи Кристал Палас.