Изненадувачка понуда за Луис Енрике


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике е прв избор на неколку клубови кои се во потрага по решение за своите клупи.

Така, за Шпанецот сериозен интерес постои од Арсенал и Челси, од ПСЖ, а во последните неколку денови се шпекулира дека и четврт тим е заинтересиран за неговите услуги.

Имено, се повеќе се зборува дека Маурицио Сари ќе си замине од Наполи и ќе го преземе кормилото на Милан, а доколку се случи тоа од управата на наполитанците ќе тргнат по услугите на Луис Енрике.

Енрике се уште не дава никакви коментари поврзани со неговите ангажмани и многу ретко се појавува во јавност, па тешко е да се одлучи која од овие шпекулации е точна. Едно е сигурно, Шпанецот ќе предводи некој тим во следната сезона.