Тери се уште не одлучил дали ќе се пензионира по крајот на сезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај тоа што во медиумите во Англија излегоа најави дека Џон Тери по крајот на оваа сезона ќе се пензионира, без оглед на тоа дали Астон Вила ќе обезбеди пласман во Премиер лигата, сепак се чини дека тоа се лажни најави.

Имено, прославениот фудбалер на Челси се уште не ја донел конечната одлука дали ќе ги закачи копачките на клин по завршувањето на оваа сезона.

Тери е стандарден во тимот на Стив Брус кој се бори за пласман во најелитното натпреварување во Англија и се уште може многу да понуди на тимот од Бирмингем.

Минатото лето Џон Тери потпиша едногодишен договор со Астон Вила одбивајќи неколку премиерлигаши со образложение дека не би можел да игра против својот Челси. Дали пласманот во Премиер лигата на Астон Вила ќе претставува причина Тери да се пензионира останува да видиме.