РФМ ја исплати премијата на сениорската репрезентација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Европското Првенство во Хрватска 2018.

Македонија со две победи против Словенија и Црна Гора и еден нерешен резултат против Германија, го освои првото место во групата Ц од првата фаза на Европското Првенство, обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите 12 репрезентации на „Стариот континент“. По одигрувањето на трите натпревари од втората фаза, Македонија го заврши ЕП на 11 позиција.

Ова беше петто учество на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016) и вкупно десетто учество заедно со Светските Првенства.

Со пласманот на ЕП 2018 во Хрватска, Македонија обезбеди место во групата на носители во баражот за СП 2019 каде за противник ја доби Романија, а обезбеди и место во првиот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за пласман на ЕП 2020.