Нова повреда за Марко Ројс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само што се опорави од тешката повреда и врза неколку натпревари со ред, од Дортмунд стигнува вест за нов проблем на нивниот играч Марко Ројс.

Овој пат Ројс се мачи со повреда на бутниот мускул и поради тоа речиси сигурно ќе го пропушти дерби дуелот со Баерн Минхен овој викенд.

Ројс важи за еден од најголемите малери во фудбалот и подолго време е надвор од терените отколку што игра. Вреден е за спомнување фактот што Ројс ги пропушти и Светското првенство во 2014 и Европското првенство во 2016 година поради повреди.

Инаку по неговото враќање на терените од тешката повреда Ројс на пет натпревари во Бундеслигата постигна три погодоци.