Федерер наскоро ја завршува кариерата!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобриот тенисер на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер зад себе има 20 освоени Грен слем турнири и како што вели нема намера да се пензионира. Но, Швајцарецот во едно интервју откри кога би можел да го направи тоа.

Федерер во разговор со новинар од германски медиуми, вели дека во 2020. година би можел да замине во пензија.

„Не ми е целта да настапам на Олимписките игри. Мислам дека би било добро да заиграм таму, но не сум определен со датум. Ако бидам подготвен да играм, ќе играм, а можеби во тоа време нема ниту да играм повеќе тенис“, кажа тој.