Реал Мадрид го посакува Азар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако минатото лето се одлучија да носат само млади фудбалери и тоа се покажа како неисправен потег, од Реал Мадрид за следното лето планираат да се вратат на испробаниот и тестиран „Галактико“ метод.

Зинедин Зидан ќе притиска во редовите на Реал Мадрид следното лето да пристигне најдобриот играч на Челси, Еден Азар.

Како што е познато Реал Мадрид минатата сезона се засили со неколку перспективни фудбалери, но ниту еден од нив не го покажа својот потенцијал во „Кралскиот клуб“, а повеќето ќе бидат продадени уште во летниот преоден рок.