Барселона се интересира за играч на Тулуз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Барселона се заинтересирани за играчот од одбраната на Тулуз, Иса Диоп.

Каталонците го следат напредокот на 21 годишниот фудбалер неколку сезони со ред и наводно се импресионирани од неговиот фудбалски раст.

Диоп е стандарден во редовите на Тулуз и веќе во неколку наврати ја има носено и капитенската лента иако има само 21 година.

Барселона има проблем со фактот што Умтити не сака да чуе за продолжување на договорот доколку не му се исполнат превисоките барања, па затоа влегоа во потрага по негова евентуална замена.