Манчестер Јунајтед посакува играч на Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека од редовите на Манчестер Јунајтед постои сериозен интерес за екстра талентот од екипата на Тотенхем, Нонсо Мадуеке.

Англискиот интернационалец ги импресионирал скаутите на многу англиски клубови меѓу кои и  оние на Манчестер Јунајтед и Челси кои им порачале на своите претпоставени да ги обезбедат услугите на 16 годишниот фудбалер.

Мадуеке ја одбил понудата за продолжување на соработката со Тотенхем и веројатно кариерата ќе ја продолжи во дресот на „црвените ѓаволи“.