Агаси повеќе не му е тренер на Ѓоковиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американецот Андре Агаси повеќе не е тренер на најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Прославениот тенисер во претходниот период работеше со Новак во неговиот стручен штаб како повремен тренер, а со Србинот главно беше на сите големи турнири.

„Имав најдобра намера, сакав да му помогнам на Новак. Сепак, често доаѓавме до заклучок дека не се согласуваме околу некои работи. Му посакувам се најдобро во продолжението на кариерата“- коментираше Агаси за ЕСПН.

По неговото заминување Ѓоковиќ ќе продолжи да работи со неговиот прв тренер, Радек Штепанек.