Хамес среќен во Баерн Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез кој во  моментов е на позајмица во Баерн Минхен постои сериозен интерес од неколку премиерлигашки клубови.

Челси, Манчестер Јунајтед и Ливерпул стојат во редот за потписот на одличниот офанзивен фудбалер кој има уште една сезона од неговата двегодишна позајмица во Минхен.

Сепак, Колумбиецот истакна дека е среќен на „Алианц Арената“ и посочи дека не планира да замине на друго место ова лето.

„Многу ми е добро во Баерн. Се чувствувам прекрасно во Минхен. Кога бев во Монако играв многу, а сега исто играм често во Баерн.  Мислам дека е многу добро да заминеш на Светското првенство во најдобар можен натпреварувачки ритам“ – изјави Хамес во интервју за шпанскиот медиум Марка.

Хамес во дресот на Баерн оваа сезона има запишано 27 настапи на кои постигнал четири погодоци и девет пати асистирал.