Реал нема да го продаде Иско


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“ од Реал Мадрид немаат намера да го продадат Иско следното лето.

Долго се шпекулира дека Иско нема иднина во Реал Мадрид и дека ќе биде продаден, а веќе почна да се пишува и за некакви понуди од Манчестер Сити во висина од 75 милиони фунти.

Сепак, францускиот стратег на клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не сакал да го продаде Иско затоа што тој бил доста важен за клубот.

„Сите може да кажат што сакаат, но јас не сум загрижен поради тоа. Можеби Иско не е среќен затоа што не игра многу често, но тој е многу, многу важен за нас“- коментираше Зидан.

И желбата на Иско е да остане на „Сантијаго Бернабе“ но само доколку неговата улога во тимот биде променета и ако тој добива почесто шанса да игра.