Познато колку Реал треба да плати на Рома за Алисон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ќе треба да и плати на Рома околу 60 милиони евра доколку сака да ги добие услугите на одличниот оваа сезона, Алисон Бекер.

„Кралевите“ веќе неколку години со ред се во потрага по нов голман, а по неуспешните обиди да стигнат до де Геа и Куртоа тие се насочија кон бразилскиот репрезентативец од Рома, Алисон.

И по се изгледа трансферот ќе се реализира во текот на летниот преоден рок, а сумата од 60 милиони евра нема да претставува никаков проблем за Реал Мадрид.

Кориере дело Спорт пишува дека и самиот голман посакувал да направи трансфер во „кралскиот клуб“.