Поранешен играч на Челси и Јунајтед се бори за живот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендата на англискиот фудбал, Реј Вилкинс се бори за својот живот откако доживеал тежок срцев удар.

Поранешниот фудбалер на Челси и Манчестер Јунајтед бил итно префрлен во болница од својот дом во Кобхем.

„Тој е во болница и имаше тежок срцев удар и во моментов се наоѓа на интензивна нега. Неговата состојба воопшто не е добра, тој е критично болен. Срцевиот удар доведе до пад што значеше дека тој мораше да биде ставен во индуктивна кома. Многу сум уплашена“- коментираше сопругата на Вилкинс.

Вилкинс пред само неколку дена беше гостин на „Скај Спортс“ и говореше за утрешниот дерби дуел помеѓу Челси и Тотенхем во кој истакна дека Чесли мора да ги победи „петлите“ за да остане во трката за Лигата на шампионите.

Гостувањето на Вилкинс на Скај Спортс пред пет дена