ВБА тоне и тоне, Јунајтед лесно против Свонси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Вест Бромвич Албион претрпе нов пораз, овој пат од Барнли на својот „Хоутронс“ и речиси сигурно ќе биде првиот тим кој и официјално ќе се пресели во втората по ранг лига во Англија.

Барнли со погодоците на Барнс и Вудс стигна до нови три бода со кои се доближува до местата кои водат на европска сцена.

Манчестер Јунајтед лесно пред своите гледачи славеше победа против тимот на Свонси кој во последните кола играше одличен фудбал. Стрелци на головите за „ѓаволите“  беа Ромелу Лукаку и Алексис Санчез во раната фаза од средбата.

Резултати:

Брајтон- Лестер 0:2

Манчестер Јунајтед- Свонси 2:0

Њукасл- Хадерсфилд 1:0

Вотфорд- Бурнемут 2:2

ВБА- Барнли 1:2

Вест Хем- Саутемптон 3:0