Од Интер веруваат дека се блиску до нов договор со Икарди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот директор на Интер, Пиеро Аусилио вели дека клубот планира да започне преговори за продолжување на соработката со нивниот најдобар играч Мауро Икарди.

Разговорите би започнале веднаш по завршувањето на тековната сезона, а Аусилио е самоуверен дека истите ќе завршат во најдобар можен ред.

„Ќе разговараме на крајот на сезоната. Нема проблем затоа што тој има уште три години од неговиот актуелен договор. Икарди е многу важен за овој клуб и тој го знае тоа. Тој веќе го има обновено договорот три пати до сега,  а ние сме среќни да го задржиме овде уште многу години“- коментираше Аусилио.

За Аргентинецот кој веројатно нема да го види Мундијалот во Русија сериозен интерес има од Реал Мадрид, а во некои шпекулации се споменува и Манчестер Јунајтед како можен негов следен клуб.