Манчестер Јунајтед ќе го жртвува Марсијал за да го донесе долго посакуваниот играч


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Манчестер Јунајтед донеле одлука да го продадат Ентони Марсијал со цел да соберат средства за да ги добијат услугите на Герет Бејл од Реал Мадрид.

Наводно, Мурињо го изгубил трпението со 22 годишниот француски интернационалец кој не е константен во неговите игри по пристигнувањето на „Олд Трафорд“.

Поранешниот играч на Монако често е критикуван од страна на Мурињо за неговото недоволно залагање на теренот и честите падови во играта. Од друга страна пак, младиот Французин е еден од омилените фудбалери на фановите на Манчестер Јунајтед.

Главен фаворит за услугите на Марсијал е тимот на Јувентус кој е подготвен да издвои над 50 милиони евра за неговите услуги.