Деле Али го губи местото во репрезентацијата на Англија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Минатата година беше година од соништата за Деле Али, но оваа талентираниот фудбалер не е баш најконзистентен во неговата игра.

Тоа се одразува и во игрите за репрезентацијата на Англија, па селекторот на „Гордиот Албион“ Герет Саутгејт се сомнева дека Деле Али ќе биде идеално решение за првиот тим на репрезентацијата за претстојниот Мундијал во Русија.

Извори од репрезентацијата на Англија за медиумите на Островот пренесоа: „Деле е талентиран фудбалер, но постои чувство дека тој ги пропушта шансите. Тој мора да се рефокусира затоа што нема обезбедено место во првиот тим.“

Одличната форма на Рахим Стерлинг и Џеси Лингард веројатно ќе го остави младиот фудбалер на клупата за резервни фудбалери на најважните средби за Англија во последните неколку години.