Арсенал со три гола во финишот славеше против Стоук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еипата на Арсенал славеше убедлива победа од 3:0 против Стоук и колку толку ги задржа шансите за четвртата позиција која води директно во Лигата на шампионите.

Арсен Венгер се реши да ротира во составот, па натпреварот го започна без стандардните Микитаријан, Џака и Косчиелни.

Во првиот дел немаше некој допадлив фудбал, а блага иницијатива имаа гостите кои грчевито ќе се борат за опстанок.

Трите голови паднаа во вториот дел кога Обамејанг најпрво го совлада Батленд од белата точка во 75. минута, за десет минути подоцна со одличен удар по втор пат да го совлада репрезентативниот чувар на мрежата на Англија. Третиот гол го постигна Лаказет исто така од белата точка.