Скопје ја запре и Шкендија, здодевно реми во Битола


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес на програмата беа натпреварите од 25. коло од Првата Македонска фудбалска лига.

Дербито се одигра на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола каде Пелистер беше домаќин на Вардар. Натпреварот не донесе многу квалитетен и допадлив фудбал, па финалните 0:0 беа најреален исход на средбата.

Тимот на Скопје продолжува со позитивните резултати во вториот дел од сезоната откако одигра реми без голови против Шкендија. Момците на Љупчо Марковски Калц сега се наоѓаат на само четири бода од местото кое води во бараж средбите за опстанок, а пред почетокот на оваа година беа веќе прежален второлигаш.

Силекс со крупни чекори ита кон обезбедување пласман во Европа по победата над Победа со 1:0.

Ренова носена од одличниот Влатко Стојановски славеше убедливо со 3:1 против Шкупи, додека Работнички и Академија Пандев ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Резултати:

Пелситер- Вардар 0:0

Скопје- Шкендија 0:0

Силекс- Победа 1:0

Ренова- Шкупи 3:1

Работнички- Ак. Пандев 1:1