Федерер се „лизна“ од врвот, Надал е повторно прв!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На најновата АТП листа беа забележани мали промени на некои позиции.

Рафаел Надал повторно се врати на првото место со 8770 бодови, а Роџер Федерер има 8670 поени. Следува Марин Чилиќ, Александер Зверев кој играше финале во Мајами и така стигна до четвртата позиција, а на петто место е Бугаринот Григор Димитров.

Во топ 10 се наоѓаат уште Хуан Мартин дел Потро, Доминик Тим, Кевин Андерсон, Џон Иснер и Давид Гофан.