Капитенот Бонучи го кажа своето мислење: Четири засилувања за шампионски Милан!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Леонардо Бонучи оваа сезона ја превзема капитенската лента во Милан, а се очекува и во наредната сеона да биде еден од најважните играчи на клубот.

„Ако морам да им дадам некој совет, би им рекол да ги купат најдобрите играчи надвор од Италија“, вели Бонучи.

Милан веќе работи на тоа, а медиумите денеска открија дека Милан е заинтересиран за неколку засилувања.

Прво е чудото од дете, Домингош Кина. Станува збор за млад португалски фудбалер, кој игра во Вест Хем. Но, Манчестер јунајтед и Ливерпул се исто така заинтересирани за него.

Втор фудбалер кој се разгледува е од средината на теренот, Огузан Озјакуп. Сепак, тоа не е се, зашто Милан покажува интерес за Муса Дембеле, како и Хатем Бен Арфа.