Баерн Минхен купува засилување за 42 милиони евра од Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хамес Родригез досега ги импресионираше членовите на управата на Баерн Минхен, па директорите веќе одлучија да платат за него 42 милиони евра.

Реал Мадрид му дозволи на својот играч да замине во Германија на двегодишна позајмица, за која Баерн плати 13 милиони евра, а сега дојде и до конечен трансфер, па Реал би требало да заработи повеќе од 50 милиони евра од неговата продажба.

Одлуката на Баерн е конечна и „кралевите“ се свесни дека нема потреба да бараат друг купувач за овој играч.