Пардју си замина од ВБА


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од таборот на Вест Бромвич Албион соопштија дека се решиле да ја прекинат соработката со нивниот досегашен стратег, Алан Пардју.

ВБА е на последната позиција на табелата со минимални шанси за опстанок во Премиер лигата. На само шест кола до крајот клубот од Бирмингем е на цели десет бодови од безбедната зона.

Заедно со Пардју си заминал и неговиот асистент, Џон Карвер, додека тимот во следните натпревари ќе го води Дарен Мур.